Синоќа дошло до тепачка во ноќниот клуб Оникс во Пунат на Крк, во која се повредени четворица Словенци. Покрај нив во тепачката учествувале уште неколку лица, а инцидентот го потврдила и полицијата во Риека, пишува Индеџ.хр
„Синоќа дошло до нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект, при што се повредени четворица странски државјани, Словенци, кои се пренесени во КБЦ Риека. Оттогаш се ослободени, но кривичната истрага се уште е во тек со цел да се да се утврдат сите околности на овој настан“, ни потврдија од полицијата во Риека.
„Беа на итната медицинска помош, им беше укажана помош и потоа беа пуштени. Сите имаат полесни повреди“, велат од КБЦ во Риека.
На видеото од тепачката, кое го објави „24сата“, може да се види дека млади момчиња од Словенија се тепани од обезбедувањето на клубот. Еден млад човек лежи во несвест на видеото, додека друг бил нокаутиран од обезбедувањето со два удари. Се гледа и еден од младите како лежи во локва крв, а некој го врти за да не се задуши.