Во текот на вчерашниот ден, четворица скопјани се лишени од слобода, откако полициски службеници кај нив пронашле марихуана.
„На 16.03.2020 во 02.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Вич“, го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.03.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода Н.Н.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.03.2020 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Даутица“, ги лишиле од слобода Ј.А.(27) и Н.Н.(25), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.