572
Во текот на вчерашната ноќ во Прилеп биле прегазени четири лица, при што веднаш биле пренесени во Градската болница во Прилеп, информираат од МВР.
„На 17.10.2021 во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, додаваат од МВР.