Синоќа нешто после 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за село Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ и „ауди“ со скопски таблици управувано од дваесет и седумгодишен скопјанец, кое излетало надвор од коловозот.
Во несреќата се тешки повреди се здобила сопатничката на „аудито“ додека возачката и двајца маолетници се здобиле со повреди и биле пренесени на Клиника.
Возачот на „голфот“ избегал од местото на сообраќајката.
Вчера на пладне се случила сообраќајка на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во близина на село Прждево. Товарно возило „сканиа“ со полуприколка со кавадаречки ресгистерски ознаки со кое управувал дваесет и седумгодишник од село Возарци и автомобил „фолксваген голф“ со демиркаписки таблици со кој управувал четириесет и осумгодишник.
Во несреќата тешко повреден е возачот на автомобилот и неговиот сопатник.
Истиот ден околу 8 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје „Фолф“ управуван од педесет и тригодишно лице од Љуботен, удрило во пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и сопатникот на возилото.
На 20 јуни попладне пак во Кичево било пријавено дека на локален пат за село Крушино уравувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.