Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје – Куманово

by Fokus

Денеска во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с. Орланци, скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с. Арачиново, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с. Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости