Четворица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Штип-Радовиш, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 22.05 часот на магистралниот пат Штип –Радовиш дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од Струмица и патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (40) од с.Утово, битолско. Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници во возилата: Ј.В. (22) од Струмица во возилото „БМВ“ и А.П. (44) од Република Грција во возилото „Цитроен“. Ј.И. и Ј.В. биле пренесени во Клинички центар Штип каде им била укажана лекарска помош.
Возачот Г.И. и сопатникот А.П. биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш кади им биле констатирани повредите и им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Во периодот од 22.10 часот на 15.03.2018 до 01.25 часот на 16.03.2018 година сообраќајот бил во прекин во двата правци на магистралнио пат Штип-Радовиш.