Четворица починати и 310 новозаразени во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, четири починати и 355 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Од четирите починати лица, две се од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 година.

Кај сите шест вкупно починати лица се регистрирани коморбидитети.

Поврзани новости