634
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции. Регистрирани сe 592 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г) починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.