Четворица починаа од корона на возраст од 58 до 77 години

by Frosina Fakova

Во последните 24 часа починати се четири пациенти, еден од Скопје (77 г.), еден од Кичево (72 г.), еден од Штип (58 г.) и еден од Битола (70 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости