156
Четворица осомничени за упадот во М-НАВ вечерва се изнесени пред Кривичниот суд, меѓу нив е и Беким Незири.
Тие претходно денеска беа на распит во полициска станица во Автокоманда. Се трага по уште четири лица кои учествувале во нападот.
Ниту од Јавното обвинителство ниту од МВР не се прецизира кои кривиќни дела им се припишуваат на осомничените.
Во меѓувреме Финансиската полиција најави влегување во М-НАВ, за да ја испита целокупната финансиска состојба.
Директорите на М-НАВ соопштија дека нема да поднесат оставки, бидејќи како што рекоа постигнале одлични резултати. Владата најави дека во вторник на седница ќе го разреши раководството.