474
Од вкупниот број новорегистрирани случаи на КОВИД-19, четири лица се од Кичево.Со ова, во општина Кичево, вкупниот број порасна на 44. Од оваа бројка, 38 се активни случаи, петмина граѓани се излекувани, додека едно лице почина.
-Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел инфицирани се наоѓаат на домашно лекување и во изолација. Помал помал дел се на инфективното оделение во Битола, информира Емин Насуфи од кризниот штаб при Општина Кичево.
Тој додаде дека општинскиот кризен штаб будно ја следи состојбата, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од КОВИД-19. Останува, вели, и апелот за придржување кон мерките за заштита од корона вирусот.