Четворица мажи се погубени во Иран поради шпионажа за Израел

by Fokus

Четворица мажи беа егзекутирани рано утринава во Иран, осудени на смрт за соработка со израелските шпионски служби во план за саботажа на иранска одбранбена локација, објавија иранските власти.

Тие беа уапсени на 23 јули 2022 година за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад во Исфахан, голем град во централен Иран, се вели во соопштението на правосудните органи.

Смртната казна во Иран се извршува со бесење.

Поврзани новости