Четворица кошаркари на НБА клубот Бруклин Нетс се позитивни на корона вирусот

by Фокус

НБА клубот Бруклин Нетс вечерва потврди дека четворица играчи на екипата се позитивни на корона вирусот со тоа што тројца се со лесна клиничка слика, додека кај едниот ситуацијата е нешто посериозна.

Тестовите биле направени по враќањето на тимот од Сан Франциско каде што играле меч. Еден од нив претходните денови имал температура, а другите немале никакви симптоми.

„Сите четворица играчи се во изолација и под мониторинг на лекарите. Ќе се тестираат сите оние што биле во близок контакт со заболените играчи, вклучувајќи ги и играчите на противничкиот тим“, соопштија од Нетс.

Од клубот не соопштија за кои играчи се работи. Бројот на заболени кошаркари во НБА се искачи на седум.

Руби Гобер од Јута беше првиот позитивен на КОВИД-19. Потоа, позитивни беа неговиот соиграч Донован Мичел, како и играчот на Детроит Кристијан Вуд.

Поврзани новости