Четворица функционери именувани од владата заработуваат 858 000 евра за еден мандат, обвинува ВМРО

by fokus

Четворица функционери именувани од владата заработуваат 858 000 евра за еден мандат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека народот гладува Томислав Тунтев, кадарот на СДС како именуван директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство зема месечна плата од 203.000 денати, односно за еден мандат ќе бидат исплатени 9.744.000 денари.

Директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев добива месечна плата од 105.000 денари, а во текот на еден мандат ќе инкасира 5.040.000 денари.

На јавноста познатиот провладин аналитичар Љупчо Зиков е функционер во МЕПСО за месечна плата од 80.000 денари, што значи дека за еден мандат ќе добие 3.840.000 денари.

Членот на УО во Телеком Никола Љушев добива месечен надоместок од 713.000 денари, што за еден мандат достигнуваат 34.224.000 денари.

Само овие 4 функционери именувани од владата за еден мандат добиваат баснословни 858.000 евра, колку што сите вработени во една просечно голема конфекција заедно нема да ги добијат во време од 4 години, критикува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости