Четворица адвокати го спасуваат Јанакиески од притвор

by fokus

Четворица адвокати со свои жалби се обидуваат да ја докажат незаконитоста во решението на Кривичниот совет со кое му се одредува притвор на екс министерот Миле Јанакиески.

Нивната теза е дека е извршена суштинска повреда на кривичната постапка со тоа што не е запазено правото на Јанакиески да биде сослушан пред да му биде одреден притворот. Во неговиот адвокатски тим се Сања Алексиќ, Еленко Миланов, Боро Тасевски и Дончо Наков.

Сите поединечно ја образлагаат својата желба по однос на решението. Според адвокатите во процесот на донесување на решението е забележливо дека на СЈО и на судот им се брзало. Наков посочи дека на 13ти ноември е доставена службената белешка до СЈО, а не поминале ни 24 часа до моментот кога Јанакиески бил приведен.

Наков праша кога постигнал Кривичниот совет да заседава по ова прашање. Следи обраќање на обвинителите од СЈО.

Поврзани новости