526
Џез музичарот Владимир Четкар ја најави својата есенска турнеја во Америка.
Тој ќе настапи во популарни џез клубови, и тоа во Чикаго, Детроид, Кливленд, Сан Франциско…
Ќе биде придружуван од американски музичари и ќе изведува своја, авторска музика.
Пред турнејата во Америка пак, ќе има концерт во Скопје, во Станица 26. Настанот е закажан на 28-ми октомври, а билетите се продаваат по цена од 600 денари.
Четкар, кој по потекло е од Охрид, а студираше на престижниот американски колеџ за музика ,,Беркли”.
Има настапи низ целиот свет, а во Македонија, на неговите концерти, редовни во публика се поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговиот син Иван, кој исто во минатото се занимаваше со музика.