Четиринаесет нови случаи со Ковид-19, нема починати пациенти

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 184.

Поврзани новости