Четиригодишно девојче паднало од петти кат во зграда во Букурешт и е во тешка состојба во болница.
Според сведоците, девојчето си играло со елката, која била поставено до прозор кој во моментот на несреќата бил отв отворен.
Девојчето од засега непознати причини се качило на прозорецот и паднала од петти кат.
Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.
Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.
Девојчето веднаш било пренесено во болница каде била оперирана. Според лекарите, нејзината состојба се уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.
Полицијата започна истрага.