560
Четиригодишната Х.Т. денеска се удавила во базен длабок само 65 сантиметри, кој бил поставен во двор од куќата во која живеело. Трагедијата се случила околу пладне во село Омолјица во општина Панчево, јави Курир.рс
Родителите забележале дека детето го нема и почнале да го бараат низ дворот, но го нашле паднато во гумениот базен.
Девојчето цел ден играло околу базенот и ги полнело со водата играчките но не се капело.
На местото на несреќата набрзо стигнала екипа на Брзата помош и лекарите се обиделе да го реанимираат девојчето, но и немало спас.