Вчера попладне, четиригодишно дете загинало во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово-Романовце, информираат од МВР.
„На 22.12.2019 околу 14.15 часот на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(29) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Матејче, општина Липково. Во незгодата, на местото на несреќата починало четиригодишник од с.Матејче, сопатник во возилото што го управувал И.Р. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Љ.Ш., сопатничка на И.Р“, додаваат од МВР.