Четиригодишно дете паднало од тракторска приколка и било прегазено од едното тркало

by fokus

Дете во Берово паднало додека било превезувано на трактор, при што било прегазено од едното тркало, пренесуваат од МВР.

„На 04.08.2019 година околу 15,30 часот било пријавено дека во беровското село Двориште, пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало и било прегазено со десното тркало. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување на лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово“, велат од МВР.

Поврзани новости