461
Четиригодишно дете од Словенија вчера било прегазено во Скопје, по што со тешки телесни повреди е однесено во Градската болница.
-Вчера, во 15.30 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(42) од Скопје, удрило во четиригодишно дете-пешак од Р.Словенија. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.