Четиригодишно дете од Австралија ја спасило мајка му ден откако го научила за итни повици

by fokus

Дете од Австралија стана херој на четиригодишна возраст, откако ѝ го спаси животот на својата мајка, повикувајќи го телефонскиот број за итни повици. Само еден ден претходно, таа го научила како се прави тоа.

Монти Кокер од островот Тасманија на 27 август се јавил на австралискиот број за итни случаи 000 и им рекол на операторите: „Мама падна“.

– Кога стигнавме на адресата, тој беше на прозорецот… Ни мавташе, изјави болничарот Марк Смол за „Би-би-си“.

Внатре во куќата, Монти смирено ѝ објаснил на екипата за итни случаи дека неговата мајка Венди доживеала напад. Болничарот го пофали четиригодишното момче и рече дека при интервенцијата многу им помогнала неговата смиреност. После сè, тимот за итни случаи се вратил во куќата за да му даде благодарница на Монти.

– Потоа дојде баба му и праша: „Каде ми е суперхеројот?“ А пак, тој рече: „О, не, јас не сум суперхерој. Јас сум само херој“, се шегува мајката на Монти.

Венди е и медицинска сестра, па им раскажа на медиумите дека Монти знае дека направил добра работа, но се покажал скромен, велејќи им и на другарчињата во градинка дека „тоа е лесно“.

Поврзани новости