Четиригодишната Сибора која се бори со ракот се наоѓа на лекување во Турција, но фалат пари за да се плати лекувањето

by fokus

Четиригодишното девојче, Сибора Малетај, кое ги занемува луѓето поради нејзините напори да се избори со тешката болест која ја го нападна нејзиното тело, замина во Турција на лекување. Македонското здравство повеќе не може да и помогне. „Фокус“ исконтактира со нејзината мајка, Ваљбона Сулимани, која ни ја појасни здравствената состојба на Сибора.

Станува збор за девојче кое како Давид спроти Голијат се бори со канцер. Проблемите започнале кога и бил дијагностициран рак на глава со дијагноза EWING SARCOM/PNET. Сибора до сега два пати е оперирана. Првата операција била извршена во приватната болница „Систина Аџибадем” во Скопје, а втората операција кон крајот на месец декември 2018 година, во приватна болница во Турција.

Семејството вели дека и за двата оперативни зафати платиле со парични средства кои ги собрале со помош на хуманите граѓани.

При извршената хирушка интервенција во Турција бил отстранет канцерот од главата. Еден месец подоцна нова дијагноза го скршила семејството. Ракот кај Сибора метастазирал во белите дробови, поради што се потребни средства за нов третман во Турција.

За Сибора се собрани  20.000 евра, но за 45 дена додека семејството е во Турција, каде Сибора ја прима терапијата, потребни се околу 32.000 евра. Семејството апелира до хуманите граѓани да помогнат колку можат, за да се плати оваа фаза од лекувањето

Мајката вели дека Сибора мора да биде подложена на зрачење поради туморот што се појавил на главата, додека за белите дробови, вели, е предвидена терапија

-Сибора не е баш добра. Лекарите одлучија да не ја оперираат. Ќе почнат зрачење и хемотерапија. Кај нас, во Македонија, ни викаа дека можат само да и дадат нешто за да нема болки, но дека таа терапија што можат да и ја понудат нема да има ефект на болеста. Кај нејзе има друг проблем. Има метастази на белиот дроб од лева страна и вода во белодробното крило. Ќе пробаат да и ја извадат водата од плуќата. И тука ни е последната надеж – вели Сулимани.

Таа им се заблагодарува на граѓаните за досегашните донации и вели дека дополнитено ќе се утврдува дали Сибора ќе треба да се врати во Турција на нови третмани откако ќе заврши овој.

-Ова нема фаза, се смета за висока малигност. Сега и испитуваат крв, па ќе видиме што понатаму – додава таа

Граѓаните можат да донираат на телефонскиот број 070/143-131, а вкупната донација на повикот изнесува 100 денари.

Во прилог информации за трансакциската сметка.

Поврзани новости