Четириесетина лица кои влегле во Македонија, во главно на граничниот премин Деве Баир и од Косово, се однесени директно во хотелот “Ибис” кај трговскиот центар “Олимпико” во населбата Тафталиџе, пишува ИРЛ.
Како дел од мерките за справување со ширењето на ковид вирусот. Инаку синоќа од 21 часот стапи на сила забраната за движење на граѓаните во ноќните часови. Воведен е полициски час кој секој ден ќе трае од 21 до 06 часот.
Целта на оваа ригорозна мерка, воспоставена прв пат во историјата на земјава со одлука на владата, е максимална заштита на граѓаните од коноронавирусот.
Со полицискиот час нема да бидат опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации..
Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица.. За физичките лица што ќе ја прекршат забраната следува парична казна или затвор од траење до една година..