Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека во тек е трансплантација на срце, трета во земјава во рок од една година.
Донорот е жена од Скопје на возраст од 40 години. Таа добила спонтано крварење во мозок и случајот бил иноперабилен. Ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.
-Доцна синоќа заедно со моите колеги, Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа, информира Филипче.
Вики Клинчарова