573
На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица, кои се однесени во државен карантин, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.
Сите четириесет лица се транспортирани во државен карантин, а границата е отворена и за излез за оние граѓани што имаат бугарско државјанство или престој во соседна Бугарија.