42-годишната докторка која почина од ковид била донесена со ниска сатурација во болницата

by Fokus

Во Градската болница „ 8 Септември“ вчера почина 42-годишна докторка од Кумановската болница од Ковид 19, која дошла со многу тешка клиничка слика, потврдија од болницата за „Фокус“.

„Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација на РТГ АРДС. Анестезиолозите немале видено пообезен пациент болне од ковид некогаш хоспитализиран кај нас. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“ потврдија во изјава од Градската болница.

Од таму уште додаваат дека, докторката имала над 150 килограми, хронични болести, како метаболен синдром и дијабетес мелитиус.

Во текот на вчерашниот ден, според дневните извештаи на министерството за здравство, бројките на заразени пациенти повторно се зголемуваат, па така за само 24 часа имаше 656 новоресгистрирани пациенти од ковид 19 и 13 починати.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

Ирена МУЛАЧКА

 

Поврзани новости