Четириесет и деветгодишен маж злоставувал малолетничка

by fokus

Четириесет и деветгодишен маж од Конче се сомничи дека од почетокот на 2022 година до ноември минатата година злоставувал малолетничка. Тој е приведен во полициската станица во Радовиш во саботата попладне.

-Се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, соопшти МВР.

Поврзани новости