Четиричлено семејство од Кикинда, составено од татко, мајка и две малолетни деца денеска се затруле со јаглерод моноксид, но за среќа сите преживеале и се префрлени во Општата болница во Кикинда на лекарска опсервација и нега.
Како што пренесуваат српските медиуми, родителите и двете малолетни деца на возраст од 14 и две години не се во животна опасност, но дел од нив вдишале отровен гас, па Итната помош ги префрлила во болница за лекарска помош.
Труењето се случило во семејниот дом, најверојатно поради истекување на плин, што, наводно, го почувствувал таткото, па ги исклучил вентилите, со што се избегнале посериозни последици.
Од полициското одделение во Кикинда потврдиле дека несреќата се случила и дека истрагата е во тек, но засега нема повеќе детали за овој настан.
За се е известено Основното јавно обвинителство Кикинда.