Четири жртви во Њујорк: Експлозија во продавница за велосипеди, пожарот се прошири на горните катови

by Fokus

Четири лица загинаа денеска во пожар кој зафати продавница за електрични велосипеди и се прошири на становите на горните катови на таа зграда во Њујорк.

Две лица се во критична состојба и се пренесени во болница.

Според АП, пожарот бил предизвикан од експлозија на литиумска батерија на велосипед, во продавница која ги прекршила безбедносните правила во врска со складирањето и полнењето на батериите.

„Во продавницата имаше многу голем број батерии и електронски велосипеди. Досега оваа година имало повеќе од 100 пожари и 13 смртни случаи поврзани со експлозии на батерии во градот“, изјави на прес-конференција началникот на Њујоршката противпожарна бригада, Лаура Кавана, јави Танјуг.

Сопственикот на продавницата за велосипеди изјавил дека пред да ја затвори продавницата вчера ги извршил вообичаените проверки и негирал дека ги оставил литиумските батерии да се полнат преку ноќ.

„Продавницата постои шест години. Проверувам секоја вечер пред да заминам. Синоќа проверив, исклучив струја на се освен надзорниот монитор и автоматската врата“, рече тој.

 

Поврзани новости