вчера во 13 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, полицијата запрела автомобил со охридски регистарски ознаки, во кој имало четири полнолетни лица и две деца кои биле од селата Долгаш од Центар Жупа и од Џепиште и Отишани, Дебарско, двете општини во кои е воведена кризна состојба и од кои е забранет влез и излез, соопштија од СВР Охрид.
Автомобилот бил управуван од С.М. (26) од дебарското село Отишани, а сопатници биле О.И. (29), К.Н. (20), со две малолетни лица, сите од селото Долгаш, Општина Центар Жупа, како и А.Џ. (20) од дебарското село Џепиште.
Лицата се задржани од полицијата и запознаен е судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, по што возилото со сите лица, под полициска придружба, е спроведено до зоната за карантин во Дебар.
Од СВР Охрид најавуваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено во членот 206 од Кривичниот законик.