Четири возила се судрија кај Железничката станица во Скопје

by Fokus

Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата.

„Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР.

Поврзани новости