Национална демократска преродба, Обединети за Македонија, Движење за национално единство на Турците и Српска напредна странка во Македонија не ги добија парите кои Министерството за правда им ги исплаќа на партиите како дел од редовното годишно финансирање. Причина за тоа е забраната по предлог на Државниот завод за ревизија, бидејќи досега не доставиле список на донатори, годишна сметка и/или годишен финансиски извештај.
Доколку партиите за кои има забрана, ги исполнат условите за запирање на забраната за исплата на средствата до крајот на годинава, ќе биде донесена Одлука за запирање на забраната за исплата на средствата и истите ќе им бидат исплатени.
Ваква забрана имаа вкупно 21 партија, меѓу кои и Алтернатива, ПЦЕР, Твоја партија и Глас за Македонија, но потоа ги доставиле потребните документи и забраната е симната.
Исто така, на неколку партии не им се исплатени парите од редовното годишното финансирање, бидејќи биле избришани од судскиот регистар и следствено на тоа не им следуваат средства. Станува збор за партиите: Партија на правдата, Демократска бошњачка партија, Партијата за демократски просперитет, ВМРО-ДП, Партија за интеграција на Ромите, Либерална партија на Македонија и Единство-Унитети.
Катерина Смилева Божиновска