Предмалку на јутјуб каналот „Обнова на режимот“ се објави 4 нови аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, според објавувачот на снимките, разговара со осуммината исклучени пратеници од ДПМНЕ.
Имено, тие беа избрани од листа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2016 година, ама беа исклучени од партијата откако ги поддржаа уставните измени според Преспанскиот договор, а потоа гласаа и за двотретинскиот Закон за Јавно обвинителство.
Во првата снимка Мицкоски говори говори за „понуда“ на кои би се излегло на следна средба. Во втората снимка, пак, тој посочува еден ден вистината ќе излезе на виделина, веројатно мислејќи на начинот на кој пратениците биле убедувани да го поддржат Преспанскиот договор.
Понатаму, во третата снимка лидерот на ДПМНЕ им предочува на соговорниците дека низ посетите на општинските комитети барал да не бидат напаѓани. И во четвртата снимка говори за Законот за јавно обвинителство.
-На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму – вели Мицкоски.