Четири лица застрелани: Дали ловот е безбеден во Македонија?

by Fokus

Кон средината на овој месец беше застрелан човек кај Горна Матка од ловџија, кој помислил дека убил дивеч. Тоа е четврт случај оваа година на застрелано лице при лов, што го поставува прашањето: дали оваа спортска активност е безбедна за самите ловџии но, и за останатите луѓе во планината?

Пишува: ЈОРДАНЧО Цветаноски

НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИ НИЗ ШУМИТЕ

Претходно, од почетокот на годинава, пријавени се три смртни случаи на застрелани ловџии во СВР Тетово, Куманово и Велес. За истите се преземаат соодветни мерки за нивно расчистување.

Кога ќе се погледне во билтенот на МВР во изминатите две години, може да се забележат низа непочитувања од ловџиите од Македонија.

Почнувајќи од јануари 2020 до ноември 2021 година, регистрирани се 15 случаи на „недозволен лов“, исто толку лица биле фатени со оружје без дозвола. За овој временски период, петмина биле тешко ранети, еден се самоповредил.

Оваа година имало и случај кога дива свиња усмртила ловџија, откако не успеал да ја погоди, а минатата едно лице се здобило со тешки повреди откако било нападнато од дивеч.

Во 2019 година СВР Куманово поднесе кривична пријава против еден сторител за кривично дело „предизвикување општа опасност. Минатата година од СВР Битола е поднесена кривична пријава против еден сторител за „предизвикување општа опасност“, „незаконит лов“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје““, ни соопштија од МВР.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости