Четири лица се приведени за вчерашното пукање во тетовската болница, се трага по уште едно

by Fokus

Четири лица се приведени за вчерашното пукање во тетовската блница, во кое беа ранети две лица. Се трага по уште едно лица, соопштија од СВР Тетово.

„Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.

За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање“ соопшти СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани новости