21-годишна девојка од струшко е тешко повредена, а уште три лица се здобиле со полесни телесни повреди по судир меѓу два „мерцедеси“ вчера околу 11.00 часот на локалниот пат за с.Долна Белица, струшко.
„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од с.Велешта, струшко и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од с.Октиси, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга“, соопштија од МВР.