496
Во текот на вчерашниот ден, четири лица од Скопје биле донесени во Клинички центар, откако се здобиле со повреди при пад на лифт во зграда.
„На 05.09.2019 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ биле донесени Н.М.(20), Ф.М.(20),О.Н.(21) и К.П.(21), сите од Скопје, кои, според пријавеното, на 04.09.2019 околу 21.55 часот, додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улица „Трифун Бузев’’, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории.
МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.