Верувам дека граѓаните се горди на глетката како знамето на Македонија се развиорува пред седиштето на НАТО во Брисел. Тоа е слика на историјата и иднината во едно место. Горд сум што успеавме да испишеме таква историја – порача техничкиот премиер Талат Џафери на денешната свечена седница на Владата, во пресрет на утрешното одбележување на четиригодишнината од залченувањето на земјава во НАТО Алијансата.
Џафери се осврна на патот кој земјава го поминала сè до моментот на зачленување во НАТО, а започна во 1993 година со усвојување на резолуцијата македонското Собрание за членство на земјава во воената алијанса.
„Поминавме многу премрежија, активно придонесуваме во мировни мисии заедно со армијата на другите земји во Алијансата, за денес да бидеме почитувана и вреднувана членка која има свое место на масата за одлучување и е фактор на стабилност на Западен Балкан. Влезот во НАТО беше обезбеден со реформи и со Преспанскиот договор, со мудри и храбри државнички одлуки на тогашната Влада“ рече тој.
Според Џафери членството на земјава во НАТО ги обединило граѓаните во натпартиска и надетничка смисла и покрај политичките субјекти.