391
Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на четири години условна казна, оти во атински музеј ги потурале антиквитетите со масло за јадење, и тоа од религиозни побуди, јави БТА.
Адвокатката Марија Константополу смета оти нејзините клиентки верувале дека со маслото за јадење се борат со зли духови и ги прочистуваат експонатите. Една од обвинетите држела и Библија при ритуалот и читала од неа.
Полицијата ги уапсила двете чистачки, на возраст од 48 и 51 година, претходно месецов, по сведоштво на обезбедувањето.
Многу од оштетените експонати имаат потреба од сериозна реставрација.