Скопјанката Аница Најдоска (72) излегла од својот дом во Долно Лисиче во вторникот, околу 17 часот, и од тогаш и се губи трагата. Истата вечер нејзиниот син го пријавил изчезнувањето во полиција, но жената се уште не е пронајдена.
Како што појаснува нејзината внука Надица Симовска за ,,Фокус”, никогаш во минатото не се случило Аница да замине од дома без да каже каде оди.
Појаснува дека примала редовна медицинска терапија и без проблем функционира, сама си ги извршувала сите домашни работи, се однесувала и разговарала најнормално.
-Баба ми нема деменција, подвижна е и сите работи си ги вршеше сама низ дома. Прима редовна терапија, но се беше во ред со неа. Живее со вујко ми и вујна ми во заедница и никогаш во минатото не се случило вакво нешто, ниту пак сме очекувале да се случи, беше одговорна – вели внуката.
Во моментот кога заминала од дома, таа со себе немала мобилен телефон, ниту пак лични документи.
Висока е 160 сантиметри, со бела кратка коса, облечена во црн џемпер, тегет долен дел на тренерки и плави летни влечки.
Семејството замолува доколку некој ја забележал и има било каква информација, да пријави во полиција.
Вики Клинчарова