783
Четворица малолетници се тешко повредени откако рано утринава со автомобил влетале најпрво во метална канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанска“, информираа од МВР.
Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Неофицијално, возачот имал 15 години.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.