672
Четири бараки целосно изгореа во пожар кој избувна утрово на улицата „Илинденска“ во Гостивар.
Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил, а за среќа никој не настрадал.
Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што рекоа, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.