Четири автомобила биле поплавени кај клучката Матка, патниците се спасени

by fokus
Четири автомобила се заглавиле во еден метар длабока вода кај подвозникот кај клучката „Матка“ во близина на бензинската станица „Бис Оил“.
Како што известуваат градските служби, за среќа патниците во возилата навреме биле извлечени од пожарникарски екипи. Подвозникот е полн со вода од обилните врнежи и дефект на водоводна мрежа.

 

На магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран, информираат од АМСМ.

Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови.

На патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони, сообраќајот се одвива по направена девијација (15-20 метри). На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Поради појава на магла, намалена видливост од 50 до 100 метри има на Плетвар и од 20 до 30 метри на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.

Поврзани новости