Често се случува да има очигледен криминал, а не се покренуваат постапки, тврди Кацарска

by Fokus

Судиите треба да се многу ангажирани кај актуелните предмети кои ги следи јавноста, да носат пресуди во најкраток можен рок. Ако постапката трае со години, веќе никој нема да се интересира за тој предмети, вели претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во вечерашната Топ Тема.

-Пример е случајот со Ласкарци..Ако судиите посветат повеќе часови и денови во неделата и му дадат приоритет на еден конкретен предмет пред ситните предмети, тогаш за граѓаните ќе биде јасно дека судот работи ажурно, вели Кацарска.

Кацарска потсети дека кога дошла на функцијата затекнала предмети стари 4 до 5 години, и поради тоа е донесена проограма каде е предложено постапките да траат од 7 до 9 месеци.

-За жал, бројчаникот никогаш не сврте колку доби државата од конфискуваниот имот. Тоа е точно и тука би кажала дека секоја институција имала свои надлежности. Едни се надлежностите на судот, други на Обвинителството, потоа правобранителството и на крајот Агенцијата за управување со запленет имот. Доколку сите се придржуваат, не би се дошло до ваква ситуација, вели Кацарска .

Според неа, „кои се тие кои нудат имот како гаранција за да не бидат во притвор, а истовремено го префрлаат имотот“.

-Треба да се води друга постапка. Кога би знаела за предметите, повеќе би истражувала и би дала попрецизни одговори. Не можам конкретно да кажам за предмети за кои не сум работела. Во нашата република многу често се случува да има очигледен криминал од некои личности, а не се покренуваат постапки. Не знам која е причината зошто не се прави тоа, прашува Кацарска.

Поврзани новости