Честитки за Маск! Тој заслужува нов офицерски чин и тоа вонредно. Штета е што агентот во сенка се разоткри. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев во објава на Телеграм.
Маск на Твитер претставил предлог како да се запре војната во Украина.
Тој наведе четири точки на „украинско-рускиот мир“ и ги покани корисниците да го кажат својот став за нацртот.
Тој изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои гласале за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, така и да биде.
Крим, како што напиша, формално останува дел од Русија, како што беше од 1783 година, односно до грешката на Никита Хрушчов.