Чешкиот претседател: Трамп може да преговара со Путин, но тој договор нема да биде во интерес на Украина и ЕУ

by fokus

Чешкиот претседател Петр Павел на отворањето на самитот за одбрана во Прага рече дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да преговара со Владимир Путин за конечно ставање на крај на руската агресија врз Украина, но оти таков договор најверојатно нема да биде во најдобар интерес на Украина и на Европската унија.

Дополнително, вели тој, позициите на Украина за преговори се ослабени оти западната поддршка доцнела, што пак и овозможило на руската армија да напредуваат подлабоко во украинска територија.

„Таков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО најмалку 20 години“, рече Павел.

Поврзани новости