Чешката полиција синоќа открила 30-тина мигранти во задниот дел на камион во близина на Прага.
И покрај обидите за реанимација, една жена починала, соопшти итната помош АСЧР на мрежата Х, пренесува ДПА.
Многу од мигрантите биле во лоша здравствена состојба, но не им била потребна хоспитализација, соопшти службата.
Како што информираа од полицијата, камионот со странски регистрации бил запрен на околу 30 километри северно од Прага, на автопатот Д8 кој води кон источногерманската покраина Саксонија.
Полицијата претпоставува дека мигрантите само минувале низ Чешка кон Западна Европа. Полицијата не ја соопшти националноста на мигрантите.
Според податоците на чешкото МВР, минатата година во таа земја биле приведени 13.898 лица без валидни документи за престој.
Тоа е речиси двојно повеќе за разлика од 2022 година, потсетува ДПА.