Чешката влада во заминување донесе одлука за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за лицата постари од 60 години.
Задолжителната вакцинација стапува на сила од 1 март следната година, а произлегува од указ на министерството за здравство.
Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна и за здравствениот персонал, лекарите, студентите по медицина, полицијата, пожарникарите и војниците.
Сe уште не е јасно дали последната одлука на владата во заминување ќе биде навистина применета, бидејќи претставници на идната владејачка коалиција јавно се изјаснуваа против таквата обврска.
Идниот министер за здравство, Властимил Валек, кажа дека станува збор за „чекор кон темнината“.
Околу половина милион луѓе над 60 години во Чешка не се целосно имунизирани против коронавирусот.